Милошоски: Османи е кодош

„Не е спорно што министерот на заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори за тоа дека ДУИ станала непожелен субјект на политичката сцена. Спорно е што министерот си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР, која како државна институција не е местото за вакви субјективни партиски поплаки“, пишува на социјалните мрежи Антонијо Милошоски откако шефот на дипломатијата во заминување имаше средба со неколку амбасадори.

„На партиските поплаки местото им во партиското седиште на ДУИ. Или можеби во седиштето на ОБСЕ, каде токму Бујар Османи до вчера ја убедуваше целата домашна и меѓународна јавност дека сите институции се комплетно спремни за организирање на "европски" фер и демократски избор“, дополнува Милошоски во својата објава на ФБ. 

15.05.2024 - 18:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега