Пукна брана во Русија, прогласена е вонредна состојба

 

Прогласена  е вонредна состојба во Русија откако откако водата ја пробила браната на акумулацијата Киалим, потврди локалната администрација за руската државна новинска агенција ТАСС.

„Водата ја проби браната во акумулацијата Киалим, еден од главните извори на вода за пиење за градот Карабаш“, се вели во соопштението. Во Карабаш е прогласена вонредна состојба.

Околу 200 лица ќе бидат евакуирани од населените места во поплавената зона кај градот Карабаш во Челјабинската област.

Едно село е поплавено, а луѓето се евакуирани од три други населени места во регионот на Челјабинск откако водата ја пробила браната на езерото Киалим, соопшти канцеларијата на претставникот на рускиот претседател во Федералниот округ Урал.

26.07.2024 - 23:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа