Регионалниот пат Тетово-Јажинце во прекин во двата правци поради пожар
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце поточно од с.Старо Село кон Јажинце, е во прекин во двата правца поради настанатиот пожар каде со работни машини-багери ќе се врши ископ со цел да се спречи проширување на пожарот.
Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон овој патен правец се до нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста.
15.08.2025 - 23:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа