Стојаноска: Зејд ги пере криминалците кои газеа врз невини жртви од сите народи

 

-ЗЕЈД ГИ ПЕРЕ КРИМИНАЛЦИТЕ КОИ ГАЗЕА ВРЗ НЕВИНИ ЖРТВИ ОД СИТЕ НАРОДИ

Скендер Реџепи – Зејд, марионетата на ДУИ и политичар без грам доблест, денес се обидува да го пере гревот на оние кои газеа врз невините жртви од сите народи.

Тие што за Зејд се херои, за народот се убијци и разурнувачи.

Жртвите не се реквизит за негови евтини говори – тие се доказ за злосторствата на оние што сака да ги оправда.

Зејд и неговите газди од ДУИ повеќе од 20 години се хранат од етнички поделби и крвави спомени, за да го прикријат сопствениот криминал, корупција и неспособност.

Но, времето кога таквите слуги диктираа наратив, заврши. Македонија сега ја води ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволиме враќање во 2001 ва, ниту рехабилитација на оние што ја држеа државата под нишан, пишува Стојаноска во својата објава.

13.08.2025 - 23:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега