Вучиќ: Нема да се кандидирам на следните избори - ниту Устав нема да менувам за да го сторам тоа

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека изборите ќе бидат распишани порано од законскиот рок и потврди дека нема можност повторно да се кандидира за претседател. Тој истакна дека не планира да го менува Уставот на Србија со цел да обезбеди уште еден мандат.

„Дали ќе му помогнам на некого и ќе се борам за оние за кои мислам дека можат да ја водат Србија во иднина за да постигнат успех на изборите, сигурно ќе го направам тоа, и од која позиција во моментов тоа не е тема, ниту би можел самиот да го кажам“, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, одржана во Белград.

Тој најави дека изборите ќе бидат организирани во согласност со Уставот и важечките закони.

„Веројатно пред законскиот рок… Изборите ќе покажат што ќе каже народот и кој ќе победи“,
рече српскиот претседател.

Во врска со протестите што се одржуваат во земјата, Вучиќ ги оцени како особено насилни. Тој посочи дека демонстрантите одат пред домовите на политичките ривали, споредувајќи ги тие постапки со настани од минатото во Австрија и Германија. Вучиќ додаде дека, и покрај тоа, Србија успеала да се справи со ситуацијата на демократски начин, без сериозна употреба на сила.

 

Исто така, тој ја критикуваше австриската медиумска сцена, велејќи дека не е можно да се слушне поинакво мислење за случувањата во Србија.

13.08.2025 - 22:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега