Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи


Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претходно добивала закани на социјалните мрежи, но не ги пријавила во полицијата.

„Во однос на прашањата дали имало закани досега, претседателката Кацарска потврдува дека имало повеќе непријатности во јавноста и ситни инциденти изминатиот период кои не се пријавени, закани преку социјалните мрежи, но на нејзино лично инсистирање, не дозволила да се реагира се до вчерашната пријава“, велат од Уставниот суд.

Од тука потврдија дека во текот на вчерашниот ден, Кацарска во полициска станица пријавила евентуално загрозување на сигурноста, откако на нејзиниот приватен паркинг, во близина на нејзиниот дом, на место каде што се наоѓа нејзиниот личен автомобил е најден нож до прекинувачот за струја кој го осветлува делот околу нејзиниот паркинг и некои други предмети.

Што се однесува до прашањата дали станува збор за некаква закана, порака до претседателката Кацарска или се работи за случајност очекуваме одговорите да ги даде истрагата, велат од судот.

15.05.2024 - 16:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега