Крај на драмата: Спасени четири лица завеани од снег на Пелистер

Четири лица завеани во снег во битолското село Горно Ореово, утринава биле спасени од припадници на Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што соопштија од ДЗС, веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, биле превземени сите активности за спасување на завеаните лица.

-По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа превземени и безбедно вратени во Битола, информираат од ДЗС.

Активностите околу пронаоѓањето на завеаните лица траело до 6 часот наутро, и истите беа завршени на безбеден начин.

 

 

 

19.11.2018 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега