Тешка сообраќајка во Скопје - маж однесен на Ургентен

 

Маж се здобил со тешки телесни повреди при сообраќајка вчера во Скопје.

Во 07:40 часот на улица „Јадранска магистрала“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Р.Ј. од село Сингелиќ, скопско и патничко возило „Хонда сивик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот С.Ј. од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Ј..  Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје и по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

19.11.2018 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега