Вработените во Државната комисија за инспекциски надзор и прекршочна постапка 4 месеци без плата

Вработените во Државната комисија за одлучување по втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка повеќе од 4 месеци немаат земено плата. Со разрешувањето на претседателот и членовите од претходниот состав на 19ти март од страна на Собранието на Македонија комисијата е нефункционална, објави Телма. 

За разрешување на овој проблем вработените во овој орган во три наврати се обратиле до Собранието на Република Македонија!

-Се обративме и до Владата на Република Македонија!По овие барања добивме одговор од Собранието со кое ни беше кажано да чекаме избор на нови членови на собраниска седница. Таа собраниска седница и тој избор на нови членови и раководство го чекаме веќе 6 месеци. Сигурни сме дека доколку стануваше збор за приватна компанија досега државата ќе најдеше начин како да ги заштити уставно загарантираните права на работниците, а таа компанија ќе беше веќе во стечајна постапка и ќе имаше изречено прекршочни казни и за правното лице и за одговорното лице во правното лице – велат вработените во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Запечатени фотокопири, натрупани предмети, руинирани клима уреди се само дел од секојдневието со кое се соочуваат вработените во оваа државна институција.

Во Државната комисија за одлучување по втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка работат  28 вработени.

 

 

 

 

20.08.2018 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега