ОИ ќе го наполнат новчаникот на Париз

 

Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс.
Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС).
Студијата содржи ажурирани податоци во споредба со пресметките во 2016 година, кога Франција беше избрана за домаќин на Олимпијадата. Тогаш беше проценето дека економските придобивки за француската престолнина и за регионот ќе бидат меѓу 5,3 и 10,7 милијарди евра.
Сè уште не е направено истражување за потенцијалниот профит за територијата на цела Франција.
Проценките на ЦДЕС се однесуваат na економски придобивки кои ќе се пријавуваат во следните десет години врз основа на туризмот, изградената инфраструктура и организацијата.

14.05.2024 - 19:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега