Фон дер Лајен: Ако Путин го прекине бомбардирањето, мировните преговори може да почнат следниот ден

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин престане да ја бомбардира Украина, мировните преговори може да почнат следниот ден, пренесе Анадолија.

Фон дер Лејен, која дојде во Рим за време на изборната кампања за Европскиот парламент (ЕП), се сретна со млади гласачи заедно со Антонио Тајани, лидерот на Форца Италија (ФИ).

Таа на средбата зборуваше за војната меѓу Русија и Украина.

– Доколку Путин го прекине бомбардирањето, следниот ден може да се одржат мировни преговори. Но, мировниот процес мора да го водат Украинците. Нивно право е да го направат тоа, рече претседателот на Европската комисија.

Кога Фон дер Лајен пристигнала на средбата со младите, ја пречекала група од десетина луѓе кои извикувале „Срамота“ и „Слободна Палестина“, јави Анадолија.

14.05.2024 - 22:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега