Вархеји: Србија да ​​продолжи со усогласување на визната политика со ЕУ

Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји, изјави дека е важно да се продолжи со усогласување на визната политика на Србија со визната политика на Европската унија. Тој ова го изјави во Белград на средбата со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Имајќи ја предвид улогата на МВР, како и добрата соработка со европските институции во претходниот период, министерот Дачиќ посочи дека меѓу приоритетите на Србија се сузбивањето на нерегуларната миграција и заштитата на државната граница како и борбата против шверцот и трговијата со луѓе.

Дачиќ подвлече дека Србија е подготвена да ја крене на повисоко ниво својата соработка со европските партнери, да работи на прашањето за илегалната миграција и постепено да ја усогласува својата визна политика со политиката на ЕУ.

14.05.2024 - 21:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега