Продолжуваат работите на Коридорот 8: Се градат мостови кај делницата Гостивар – Букојчани
И покрај временските услови во овој период, работите во Коридорот 8, поточно во делот од Гостивар до Букојчани, се одвиваат со забрзан интензитет.
Машинеријата на компанијата Бехтел и Енка која ги изведува градежните работи на коридорот 8 и 10Д во моментов работат на седмиот километар од Гостивар, објави ТВ 21.
Надзорникот на теренските работи Џозеф Чува вели дека во моментов се градат два моста, еден на петтиот и на седмиот километар. За кратко време се очекува да почне да се работи и на мостот на осмиот километар.
„Сега сме во вториот дел. Проектот има четири секции, но првиот и вториот дел се поврзани, четвртата секција, знаете е во друг дел. Она што сега е направено е развој на работите за долгиот мост што го гледате зад мене. Во рамки на активностите правиме ископи кои ќе се користат за поплочување и подигање на делови кои се ниски или градење мостови. Работиме и на заштитата, затоа што гледате дека тука сечеме некои планини, и градиме мостови, затоа е потребна заштита“, вели Јозеф Чува.
Од Бехтел и Енка велат дека внимаваат и на селата кои се околу околината каде што се гради, поконкретно жителите се информираат за работите.
„Исто така, освен градењето, се трудиме да бидеме добри соседи за да имаме интеграција со локалните жители, бидејќи имаме села во близина како што гледате зад мене. Ова е многу важно затоа што да сум на ваше место, би помислил колку се среќни што се гради во близина на нивните домови и колку сакаат што побрзо да се заврши. Значи многу важен дел е комуникацијата со жителите, таму имаме посебен оддел кој се грижи овие односи да бидат што поквалитетни“, вели Јозеф Чува.
Коридорот 8 е долг 110 километри. Тој е поделен на четири делници и тоа првата делница Тетово-Гостивар, втората делница Гостивар-Букојчани, третата е делот Прилеп-Битола и четвртата делница Струга-Ќафасан. Според договорот вреден 1,3 милијарди евра, американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка мора да ги заврши коридорите во рок од 4 години и 7 месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа