Децата спиеле на под - им се заканува затварање на две приватни градинки во Скопје и Битола

Децата спиеле на душеци на подови, цевки од парно им виселе над глава, несоодветни простории како и лоши хигиенски услови. Ова се дел од неправилностите кои ги констатирале инспектори од министерството за труд социјала во две приватни детски градинки, по една во Скопје и Битола. Објектите се пред затворање, пишува Сител.

-За време на контролите на приватните детски градинки социјалните инспектори констатирале неправилности во работењето. Имаат рок од 8 до 30 дена да ги подобрат условите во спротивно ќе бидат затворени, изјави за Сител Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика и додаде дека кога се работи за деца нема да има прогледување низ прсти.

 

 

 

13.04.2017 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега