Тодоров вети изградба и рехабилитација на патишта

Рехабилитацијата на автопатската делница Куманово-Миладиновци ќе заврши до 2017 година. На овој потег се рехабилитираат двете коловозни ленти во должина од 22,5 и 22,3 километри.

Ова денеска го најави носителот на листата од втората изборна едница од Коалцијата „За подобра Македонија“, Никола Тодоров кој заедно со кандидатите за пратеници, беше на автопатската делница Куманово-Миладиновци.

Тој презентираше и дел од проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на изградба и рехабилитација на автопатите во Македонија.

- Покрај, комплетната изградба на нови автопатишта од Скопје до Блаце, од Требеништа до Струга и од Кичево до Гостивар, ќе извршиме комплетна рехабилитација на автопатот од Куманово-Миладиновце и Миладиновце - Куманово и левата и десната коловозна лента 22,5 и 22,3 километри во вредност од 10,6 милиони евра, рече Тодоров.

Најави дека ќе биде извршена и рехабилитација на патот од Неготино до Демир Капија, двете коловозни ленти и левата и десната, во вредност од околу пет милиони евра.

- И Куманово-Миладиновце и Неготино-Демир Капија ќе бидат готовои со рехабилитација до крајот на 2017-та година. Исто така, се планира и рехабилитација на дел од автопатот од Велес до Градско, само средната коловозна лента, потенцира Тодоров.

Додаде дека со тоа ќе се изградат нови и комплетно ќе се рехабилитираат многу фрекфентни автопатишта, со кои, нагласи, сериозно ќе се подобри патната инфраструктура во Македонија.

 
 
29.11.2016 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега