Со есента дојдоа и проблемите: Почнува вакцинацијата против сезонски грип
Во Центарот за јавно здравје-Скопје од денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип.
Како што информираат од Центарот, вакцинацијата ќе се одвива од 8 до 18 часот од понеделник до петок и од 8 до 14 часот во сабота. Цената на една вакцина изнесува 400 денари.
Вакцината штити од три типа на вируси ( 2 А и 1 Б) и е наменета главно за лица со хронични болести, независно од возраста - за лица над 65 години, за лица со намален имунитет, лица кои се изложени на контакти со многу други лица, здравствени работници и за сите оние кои по своја желба сакаат да превенираат инфекција на грип.
27.10.2016 - 08:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа