Извршен атентат врз словачкиот премиер


Денеска е извршен обид за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фицо е застрелан по владин состанок, околу 150 километри североисточно од Братислава.

Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со два до три куршуми во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава.

Напаѓачот е уапсен на самото место.

Словачките медиуми јавуваат дека состојбата му е многу тешка и ќе биде опериран.

15.05.2024 - 16:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега