Танцот на шипка станува олимписки спорт?

Меѓународниот  олимписки комитет добил интересно писмо од страна Светската федерација за играње на шипка (IPSF). Низ светот започна петиција дека овој спорт ќе се најде во олимпиското семејството и челниците веќе пет месеци лобираат на сите страни, споделуваат свои атрактивни фотографии на друштвените мрежи, а сега таа силна потпора одлучиле да го презентираат и пред МОК.

Тие сакаат танцот на шипка, или како што велат фитес да добие статус на полноправен спорт, а на долгорочен план сакаат и место на Олимписките игри. Како што истакнаа, тие сметаат дека можат да станат главна аткракција на игрите и најгледан спорт поради атрактивните девојки.

„Многу имаат крива слика за нашиот спорт. Да, спорт, не нешто што луѓето го врзуваат со стриптиз барови, дури и проституција. Во танцувањето на шипка работат сите мискули, спортистките и спортистите се во подобра форма од нивните колеги во другите спортови. Ние се тргнавме во долготраен процес. Свесни см дека веројатно долго ќе чекаме за статус на полноправен спорт, но Светската антидопинг агенција нам веќе ни добри сертификат и сега е танцот на шипка и е контролиран од нив“, вели претседателката на ИПСФ КТ Коатес.

ИПСФ моментално има 21 член, а целта е до крајот на следната година да се прошири на најмалку 40 земји.

 
 
20.10.2016 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега