Заев ја лажеше јавноста дека не го познава, а маршираше рамо до рамо со Верушевски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев со месеци ги менуваше изјавите за неговото познанство со првообвинетиот во „Пуч“, Зоран Верушевски.

Преку партискиот портпарол прво и соопшти на јавноста дека тој и екс-разузунавачот не се познаваат и не комуницирале. Но, соочен со многуте факти Заев сфати дека мора да признае дека освен што го познава, тој со Верушевски и тесно соработува. Така, прво призна дека имале неколку заеднички средби, а потоа и дека оствариле соработка.

Соочен со докази, Заев истакна и дека освен со Верушевски, комуницирал и со неговото семејство. На синот му купил компјутер, а сакал да му купи и автомобил.

Кога Катица Јенева го ослободи Верушевски од притвор, неговата сопруга јавно му се заблагодари на Заев за овој чин.

verus-sonja

И кога клопчето целосно се отвори, Заев лицемерно одлучи да си ги побие сопствените тврдења и јавно излезе на марш рамо до рамо токму со Зоран Верушевски.

 
 
13.10.2016 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега