Меџити и Прескер разговараа за забрзување на зелената трансформација на Македонија

 

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер.
 
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави кои што имаат потпишано Спогодба за развојна соработка помеѓу Владата на  Република Северна Македонија и Владата на Република Словенија и формирано заедничка Мешовита комисија за билатерална соработка помеѓу двете влади.
 
Вицепремиерот Меџити истакна дека Словенија за нас е пример во делот на заштитата на природата, инвестирањето во зелена економија и зелениот развој.
 
Амбасадорот Прескер ја потврди подготвеноста на Словенија да ја поддржи нашата држава на патот кон ЕУ интеграцијата и на имплементација на активностите со кои ќе се забрза зелениот развој на државата.
Покрај другото, Меџити и Прескер разговараа и за тековните политички прашања.
19.09.2024 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега