ТАЖНА ВЕСТ: Познатата пејачка боледува од тешка болест

Селена Гомез преку соопштение на јавноста и пренесе дека ќе прави пауза од нејзината муаичка кариера за да се посвети повеќе на грижата за своето здравје.

se

Дваесет и четиригодишната ѕвезда минатата година објави дека и е дијагностицирана болеста лупус, a сега ги откри и малку познатите негативни страни од ова автоимуно пореметување.

Во изјава за „Пипл“, Гомез призна дека во последно време се повеќе паѓа во депресија, а се справува и со анксиозност, вознемиреност и панични напади како резултат на болеста, па поради тоа одлучила да направи пауза од својата турнеја „Ривајвл“.

Селена истакна колку е важно да се грижите за своето психичко и физичко здравје, како и дека се надева дека тоа што зборува јавно за својата болест ќе им помогне на другите луѓе кои боледуваат од лупус полесно да се справат со пореметувањето.

– Им благодарам на сите мои фанови за поддршката. Знаете дека вие сте навистина специјални за мене, но морам да се соочам со ова на најдобар начин што знам – завршува Селена.

 
 
31.08.2016 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега