Експлозија во дворот на Радиотелевизија Косово - зградата била полна со луѓе

Во дворот на Радиотелевизија Косово (РТК), во  непосредна близина на сателитските антени, синоќа експлодирала засега непозната експлозивна направа, соопшти телевизијата, наведувајќи дека никој не е поврдени, пренесе Фена.

Експлозијата се слушнала малку пред 22 часот.

Полицијата ја блокира зградата на телевизијата и бара докази за да утврди дали зградата на Радиотелевизија Косово била нападната со експлозивна направа.

Во моментот на експлозијата во просториите на РТК имало новинари и останати вработени кои се вознемирени од експлозијата, наведе Танјуг.

 
 
23.08.2016 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега