Тешка сообраќајка на патот Неготино - Демир Капија, се судрија камион и автомобил

Вчера во 12.00 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на регионалниот пат Неготино - Демир Капија, во близина на село Прждево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканија“ со полуприколка „шмитс“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(27) од село Возарци, кавадаречко и патничко возило „фолксваген голф“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(48) од Демир Капија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., а со телесни повреди се здобил Б.К.(34) од Демир Капија, сопатник во возилото „голф“ констатирани во болниците во Неготино и Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Неготино.

22.06.2024 - 11:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега