Почина 35-годишен скопјанец откако му се слошило дома

Вчера во 20.10 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ без знаци на живот бил донесен Е.Д.(35) од Скопје.

Според изјавата на неговиот татко, на Е.Д. му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата, каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

22.06.2024 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега