Конечно разладување - од утре попладне пороен дожд и грмежи

Синоптичарите за утре попладне и во текот на следната недела најавуваат честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

- Ќе се задржи топлото време, но со постепено опаѓање на дневната температура, велат синоптичарите.

Во Скопје, во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Од Управата за хидрометеоролошки работи препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

22.06.2024 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега