Шокантен пресврт во приказната за дедото со крвава глава

Се почести се примерите на семејно насилство како кај нас, така и во регионот и во светот. За жал, се почесто семејно насилство трпат не само и жените, туку и мажите. Еден од примерите за кои се потресе цел регион е оној со старецот Драгољуб Ристиќ кој на 80 години беше фотографиран целиот крвав во главата. Нападот се случил пред две недели, а дедото тврдеше дека го претепал синот.

Екипата на српскиот Курир разговарала со семејството на „кутриот" дедо и дознаа дека тој вкусшност со години ја тепа и малтретира својата сопруга. Освен неа, тој го малтретира и својот син Драган, закого тврдеше дека го претепал.

- Прво ме нападна мене, јас сум неподвижна, едвај одам со бастун. Ме шутираше каде што стигна, по стомак, на грб...викав за помош, а мојот син ме слушна. Дотрча и го удри татка си по главата за да ме одбрани, вели несреќната сопруга на Драгољуб, Лилјана.

Таа вели дека со години ги тепа и измачува, пријавувале во полиција, во Центарот за социјална работа, но никој не им помогнал.

Инаку, дедото влета минатиот вторник во дворот на едно младо момче и извика Ме претепа синот, потоа беше хоспитализиран и стана дел од сите медиуми.

 

 

 
 
25.07.2016 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега