Најдобар татко: Истетовира лузна на главата како на болниот син би му ја зголемил самодовербата

На главата на 8 годишниот Габриел Маршал од Канзас, САД после операцијата од тумор на мозокот остана лузна. Како би му ја кренал самодовербата на детето, неговиот татко Џош Маршал одлучи да истетовира лузна на истата страна на главата.

Оваа фотографија привлече големо внимание во светот. Џош истакнува дека не се надевал и не очекувал дека ќе има толку позитивни коментари.

Џош се одлучил за ваков потег откако во една прилика го слушнал својот син како сам себе се нарекува монструм поради лузната на десната страна.

„Му кажав ако луѓето сакаат да гледаат, сега ќе гледаат во тебе и во мене“, раскажува Џош.

И покрај тоа што туморот кај детето не е целосно остранет, неговата состојба во овој момент е под контрола. Оваа приказна ги инспирира многу татковци чии деца се борат со малигни болести на друштвените мрежи да направат хаштаг #‎BestBaldDad‬, што во превод значи „најдобар ќелав татко. Цел на оваа акција е да ги поддржат татковице да ја избричат главата во знак на солидарност со своите деца.

 
 
23.06.2016 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега