Направен е голем грев - ограбена уште една македонска црква

Ограбена е црквата „Света Петка“ во село Беловиште, Тетовско. Крадецот преку незаклучената врата влегол внатре во црквата и од сандачето, каде верниците ставале пари, одзел 10 илјади денари.

Како што информира МВР, случајот вчера во 18.10 часот во полициското одделение во Теарце, Тетовско, го пријавил Б.М. (52) од село Беловиште.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

 
 
23.06.2016 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега