Македонските доктори апелираат: Не барајте крв преку Facebook

Институтот за трансфузиона медицина располага со доволни количини крв и крвни компоненти за задоволување на потребите на јавното и приватното здравство, информира директорката Емилија Велкова. 

- Информациите што се проширија на социјалните мрежи се тотална невистина. Ние пред два дена на крводарителската акција по повод роденденот на Тоше Проески зедовме 517 единици крв за што сме многу благодарни, изјави Велкова.

Таа апелираше до граѓаните да не даваат лажни апели се додека не се консултираат во Институтот.

- Имаме многу крв и навистина е ова непотребна збрка на социјалните мрежи. Проблем е, ни ги собира сега крводарителите со нулта негативни и по два месеци нема да имаме ниеден, а сега не ни треба. Детето за кое станува збор лежи 10 дена и ние сме тотално организирани околу тоа дете и се е договорено меѓу установите, изјави Велкова

 
 
27.01.2016 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега