Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул
Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул во знак на протест против присуството на турски војници во северната ирачка провинција Ниневија, јави ТАСС.
- Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул. Сите вработени ја напуштија Турција и се вратија во Багдад, објави иранската телевизија.
На 4 декември Турција распореди околу 130 војници со тенкови и артилерија во камп на курдските борци пешмерги во Северен Ирак. Ирак бара Турција неодложно да ја отстрани војската од негова територија и соопшти дека Турција ја распоредила војската без знаење и согласност на Багдад, кој ги смета тие дејствија за непријателски акт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа