Ерменија ја призна Палестина како држава

Ерменија официјално ја призна палестинската држава, се наведува во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи на таа земја.

Како што јави Ројтерс, Ерменија ја поддржува резолуцијата на ОН за сегашниот прекин на огнот во Газа и се залага за решение со две држави за палестинско-израелскиот конфликт, се наведува.

Досега 147 од 193 членки на Обединетите нации ја признаа Палестина.

21.06.2024 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега