Мухамед Али распали по Доналд Трамп: Нема ништо исламско во убивање на невини луѓе

По предлогот на Доналд Трамп да им се забрани влез во САД на муслиманите, поранешниот американски боксер Мухамед Али се огласи во јавноста.

„Јас сум муслиман и сметам дека нема ништо исламско во убивање на невини луѓе во Париз, Сан Бернард, или на било кое друго место во светот. Вистинскиот муслиман знае дека безумното насилство т.н. исламски џихадизам се коси со главните принципи на нашата религија.

Ние како муслимани, мора да застанеме против сите кои го користат исламот за промоција на лични цели. Тие се отуѓени од учењето за исламот. Вистинските муслимани знаат или би требало да знаат дека насилно наметнување на ислам се коси со нашата религија.

Верувам дека нашите политички водачи треба да ја искористат својата функција за да го подобрат разбирањето за исламот и да објаснат дека овие заслепени убијци го срушија поимот за ислам“, рече Али.

 
 
10.12.2015 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега