Паника меѓу џихадистите кога ќе слушнат руски авион - „Вадете ги знамињата и бегајте“

Руската воена разузнавачка служба пронајде снимен разговор меѓу џихадистите од ИД во Сирија, во кој се чувствува паника и страв.

На снимката се слуша главниот наредбодавач како урла:

„Исток, запад и југ... Четири авиони. Напуштете ги базите, напуштете ги што порано. Оставете се, и оружје и муниција“ и додава „Опасно е, опасно. Ни погодија повеќе од триста цели. Слушајте ме сите. Еве авион. Каде сте? Јавете се. Гледам четири руски авиони. Откако ќе завршат со ударите, префрлете го наоружањето. Најдете складиште кое е подлабоко од 15 метри за проектилите да не го пробијат. Тенковите, транспртерите и топовите секој ден поместувајте ги на друга локација и не ги употребувајте освен ако е неопходно, се снимаат“.

И тогаш расте паранојата на исламискичкиот генерал.

„Исклучете ги телефоните и не ги користете, не разговарајте ни преку воки-токи со главните наредбодавачи од првите борбени линии. Најважна работа, извадете ги знамињата на ИД од сите места. Кога ќе ги извадите, напуштете ги базите од целиот калифат. Браќа, браќа, немојте да се плашите... Ќе ги победиме и ќе го уништиме Башар ал Асад! Руската војка во Сирија ќе биде уништена, а крајот на Путин е во нашите раце! Во името на Алах, ако даде Алах“, вели во снимката, пренесува Вести-онлајн.

 

 

Оцени ја веста

09.10.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега