Зошто жените избираат помалку убави мажи?

 

На познатото прашање „што видела во него?“ можеме да одговориме дека жените сакаат нешто што ќе им даде поголема удобност од силната мускулатура – сигурност…

Постојат многу причини зошто привлечна жена држи за рака маж со просечен изглед. Повеќето причини се од психолошка природа и може да се објаснат сосема едноставно – се почесто жените се одлучуваат за машката зрелост, а не за привлечната надворешност. Затоа на улица или во кафуле можеме да видиме парови кои на прв поглед воопшто не си одговараат, што го покренува познатото прашање: „Што видела таа во него?“ Најповршниот одговор е – пари или статус. Постои и тоа, се разбира, но има и други причини.

Врските траат подолго

Студијата објавена од „Дејли њуз“ открива дека жените кои се омажиле за непривлечни мажи имаат посреќни бракови од оние кои се омажиле за привлечни. Тоа е еволутивен проблем. Мажите повеќе се грижат за изгледот на својата партнерка, бидејќи тоа обично значи дека ќе пренесат подобри гени на нивните деца. Жените, од друга страна, бараат стабилен маж, а не само силни гени. Мажите кои се попривлечни од нивните сопруги имаат тенденција да им посветуваат помалку внимание.

Жените избираат обожување наместо љубов

Советите од искрените мајки и баби обично се сведуваат на следново: „Омажи се за човек кој ќе те сака повеќе отколку што ти го сакаш него“. Тоа е застрашувачки совет за девојка од 14 или 18 години, но во одреден момент тие се сеќаваат на него и можеби го практикуваат.

Повеќе отколку на мажите, на жените им е потребна љубов. Жените сакаат да слушнат, видат и разберат дека некој ги сака. Тие не сакаат да се прашуваат каде отишла романсата и да погодуваат нечии вистински чувства. Помалку привлечен маж е помала веројатноста да ги остави за поубава и помлада жена.

Изгледот на жената е поважен

Мажите гледаат со очи, жените гледаат со уши. Еволутивниот психолог и автор на книгата „The Science of Romance“ д-р Најџел Барбер тврди дека изгледот им е помалку важен на жените во врската. Тоа не е ништо ново. Уште кога стануваме доволно возрасни за да се забавуваме, жените први сфаќаат дека нивниот изглед е поважен од машкиот. Тие се оние кои треба да изгледаат убаво, привлечно, секси и слично. Мажот има значење во врската врз основа на неколку фактори: сила, репутација, личност или социјален статус.

Помалку атрактивните се поотворени

Жените всушност не бараат помалку атрактивни мажи, тие обично повеќе ги бркаат. Според студијата објавена од британски „Телеграф“, помалку привлечните мажи имаат поголема самодоверба. Тоа е лажна самодоверба, но сепак е самодоверба.

За разлика од попривлечните мажи, тие се поотворени и пооптимистични кога станува збор за приоѓање на жените, што објаснува зошто добрите момци ретко им приоѓаат на згодните жени. Ова „надуено“ его им дава предност на помалку привлечните мажи затоа што тие ги бркаат жените, бидејќи немаат луксуз да чекаат да им пријдат.

Жените сакаат сигурност

Иако потајно копнеат по силни гради, бујна коса и рамен стомак, жените сакаат уште нешто – нешто што ќе им даде поголема удобност отколку силната мускулатура – ​​сигурност.

Откако доживеале разочарување со супер фраер, чувство на несигурност и постојана напнатост, тие избираат некој кој ќе направи да се чувствуваат добро. Колку и да е површно и плитко, помалку привлечните момци носат чувство на безбедност.

11.09.2023 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа