БДП лани изнесувал 525.520 милиони денари

Бруто-домашниот производ во 2014 година изнесува 525.620 милиони денари и во однос на 2013 година номинално е зголемен за 4,7 отсто.  Реалната стапка на раст на БДП, во однос на 2013 година, изнесува 3,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2014 година имаат Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 18,7 отсто.

Финалната потрошувачка во 2014 година, во однос на 2013 година, номинално расте за 1,9 отсто, а во структурата на БДП учествува со 86,8 осто.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2014 година изнесува 47,8 отсто. 

 

 

Оцени ја веста

30.09.2015 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега