Енди Мареј го кажа судбоносното „да“

Познатиот шкотски тенисер Енди Мареј вчера се венчаше со долгогодишната девојка Ким Сирс во родното место Данблејн во кругот на семејството и блиските пријатели.

Стотина претставници на медиумите имаа можност да ја забележат свадбената церемонија, која привлече големо внимание во јавноста ширум светот.

Мареј на венчавката беше облечен во сино-зелен килт, додека Сирс носела бела венчаница со вез и долг вел, кои го придржувале четири деверуши.

Свадбата целосно го блокираше шкотскиот град, а по излегувањето од црквата присутните фрлаа конфети врз брачната двојка.

Неколку верни обожаватели кампувале пред катедралата за да ги видат младоженците

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега