Победа за Интер, пораз на Јувентус

Првите натпревари од 30.коло од Серија А одиграни синоќа донесоа прекин на неколку серии.

Интер по пауза од пет кола конечно успеа да постигне победа откако на гости славеше против Верона со 3:0, додека последната Парма го совлада шампионот Јувентус со 1:0. За „старата дама“ ова беше втор пораз сезонава.

На третиот одигран натпревар Џенова го победи Каљари со 2:0.

Денеска се играат натпреварите: Чезена – Киево, Аталанта – Сасуоло, Лацио – Емполи, Наполи – Фиорентина, Торино – Рома, Удинезе – Палермо и Милан – Сампдорија.

Табела: Јувентус 70 бодови, Рома 56, Лацио 55, Фиорентина 49, Сампдорија 48, Наполи 47,…

 

 

Оцени ја веста

12.04.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега