Крај на срамот: Бизнисмен од Австралија ќе избира мисица од Македонија

Досегашната организаторка на „Мис на Македонија“, Лидија Велковска, на денешната прес-конференција  го претстави новиот организатор на Мис на Македонија за Мис на светот, македонскиот бизнисмен Ристо Димовски кој повеќе од четири децении живее и работи во Австралија. Таа останува сопственик на лиценцата, но, се повлекува од организацискиот дел.

Тој пред новинарите вети дека до година ќе организира гламурозен натпревар на убавина со вредни награди за победничките и дека нема да дозволи никој да манипулира со овој избор. 

- Овој избор е реклама за нашето име, за нашата нација и затоа одлучив да помогнам. Јас сум борец за македонската кауза.  И во минатото сум помагал директно или индиректно на останатите избори кој се одржувале во Македонија – изјави Димовски.

За скандалот кога во познат скопски клуб наместо изборот за најубавата Македонка која ќе не претставува на„ Мис на свет“ во Лондон, вечерта се случи само уште еден кастинг, Велковска ги обвини медиумите и Мики Црнокрак.

- Во медиумите видовме секакви натписи во врска со последниот кастинг за „Мис на Македонија“ и сметам дека тоа не е во ред – изјави таа.

 

Велковска го обвини модниот менаџер Мики Црнокрак дека пред десет години органзирал избори за кои не поседувал лиценци.  

- Сите што беа вечерта таму видоа што се случи. Повеќе од јасно е кој  е виновникот. Од 1996 година од нашето модно студио преку сто девојки и момчиња учествувале на избори во цел свет и ја претставувале Македонија. Што сака да каже, веројатно и самата не знае. Би сакал да го поздравам потегот на Велковска конечно друг да го организира изборот. Дефинитивно сфатила дека не е за тоа – стои во реакцијата на Црнокрак.

18.11.2014 - 20:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега