Милошоски, Бендевска и Митрески ќе бидат потпретседатели на Собранието

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ и поранешниот претседател на Собранието, Јован Митрески од СДСМ ќе бидат собраниски потпретседатели, неофицијално објавија дел од медиумите.

Со 84 гласа за, без ниту еден против и без ниту еден воздржан – но и без дебата, помина точката со која се гласаше потребата од утврдување на бројот на потпретседатели во законодавниот дом.

Според информациите, се очекува да бидат изгласани на утрешната седница.

Пратениците денеска гласаа и за точката за основање на постојаните работни тела на собранието која помина со 91 гласа за без ниту еден против без ниту еден воздржан .Ова е трета седница на Собранието со новиот собраниски состав.

Во вторник се очекува пред пратениците да се најде и точката за изборот на новиот владин состав каде мандатарот Мицкоски кој е идниот премиер ќе треба да ги претстави пред народните избраници имињата на новите министри.

13.06.2024 - 22:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега