Бендевска за изборите во СДСМ: Не може проблем да биде решение на проблемот

Пратеничката од редовите на Движењето ЗНАМ, Весна Бендевска денеска во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 се осврна и на изборите за нов лидер во СДСМ.

Според неа, не може проблем да биде решение на проблемот.

„Мислам дека секој кандидат, што досега е промовиран, учествувал во власта и е повеќе или помалку виновен за состојбата на земјата. За внатрепартиските работи оставам сами да одлучуваат“, вели Бендевска.

Таа вели речиси цела влада на СДСМ, директно воделе ресори во кои се случувале работи кои не се до крај разјаснети.

13.06.2024 - 22:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега