Пронајдени три најлонски кесички со непозната бела прашкаста материја во угостителски објект во тетовско - приведени две лица
Ноќеска во 02.05 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во село Чегране, тетовско ги лишиле од слобода Ш.Ш.(50) од село Чегране и А.И.(20) од село Форино, гостиварско.
При претрес извршен согласно Судска наредба, во дом и помошни простори кај Ш.Ш. на 04/05.07. во неговиот угостителски објект во село Чегране, биле пронајдени и одземени три најлонски кесички со непозната бела прашкаста материја.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.
05.07.2025 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа