Пет лица приведени поради убиството на тројца војници во Турција

Пет лица се задржани денеска во врска со вооружениот напад, при кој курдски борци застрелаа тројца турски војници во југоисточниот дел на земјата, јави Анадолија.

Маскираните напаѓачи ги убиле војниците, кои не биле во униформи, додека купувале електрична опрема за воениот пункт на кој работеле, во покраината Харкари, во близина на границата со Ирак и Иран. Војниците се убиени со истрел во тилот.

По нападот, утрово силите на полицијата за специјални операции и борба против тероризмот извршиле претреси на различни адреси, а во таа акција задржани се пет лица, кои се на распит. 

26.10.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега