Мицкоски: Власите секогаш давале придонес за општеството и неговиот развој
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 23 Мај, Национален ден на Власите.
Во име на ВМРО-ДПМНЕ и во мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите, истакна Мицкоски.
„Власите се составен ден од Македонската историја и култура, секогаш давале придонес за општеството и неговиот развој.
Како идна влада ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на засилен и забрзан економски развој, евроинтеграции и борба против корупцијата, процеси во кои ќе бидат вклучени и Власите.
Следува враќање на државата кон народот, кон секој еден човек, да се чувствува безбедно, со еднакви можности и со ветувачка иднина.
За иднината мора да се работи, да се унапредува животниот стандард и економските прилики“, стои во честитката на Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа