Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали

    18.10.2026 во 15:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР гордо: Второ место меѓу министерствата според отвореноста, 100% исполнетост кај интегритетот
    • Црвен аларм на Волстрит: Расте стравот од „АИ меур“, технолошките акции паѓаат
    • ДУИ по изборите во Брвеница: Гласот на секој граѓанин мора да биде слушнат
    • СДСМ задоволни и покрај поразот во Брвеница – имаме 200 гласа повеќе
    • „Разговори за иднината“ до Филипче: Уште што треба да му се случи на СДСМ за да се повлечете?
    • Андоновски: Постои ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу богатите и сиромашните
    • „Безбеден град“ ги улови: Жена дивеела со „мерцедес“, маж со „ауди“ возел 175 км/ч
    • Авион на „Аустриан ерлајнс“ на лет од Тел Авив принудно слетал во Софија поради закана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР гордо: Второ место меѓу министерствата според отвореноста, 100% исполнетост кај интегритетот

    МВР гордо: Второ место меѓу министерствата според отвореноста, 100% исполнетост кај интегритетот

    19.10.2026 во 10:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ – „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година. За ова денеска информираа од МВР.

    -Според објавените резултати, МВР има 75,90% исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на претходното мерење, кога резултатот изнесувал 73,3%.

    Особено се издвојуваат резултатите во неколку важни области:

    100% исполнетост на индикаторите за интегритет – област што ги опфаќа механизмите за етичко однесување, спречување судир на интереси и институционална одговорност.

    100% исполнетост на четирите разгледувани индикатори за ефикасност – поврзани со стратегиското планирање, известувањето и следењето на институционалното работење.

    75,90% вкупна отвореност – резултат со кој МВР е на второто место меѓу министерствата опфатени со истражувањето.

    Дополнително, во областа на транспарентноста МВР има 72,46% исполнетост на индикаторите, што го вбројува меѓу министерствата со повисоки резултати во оваа категорија.

    Овие податоци се важен показател за примената на стандардите за отвореност, отчетност и добро управување, но и поттик за натамошно подобрување на достапноста на информациите и комуникацијата со граѓаните.

    Овие резултати се потврда за посветеноста на раководството на Министерството за внатрешни работи кон градење поотворена, поотчетна и потранспарентна институција. Борбата против криминалот и корупцијата не подразбира само одлучно постапување на полицијата, туку и одговорно, чесно и транспарентно работење на самото Министерство. Токму затоа продолжуваме со истата посветеност – за институција во која граѓаните ќе имаат доверба, а законите и одговорноста ќе важат подеднакво за сите.

    Отвореноста и транспарентноста се секојдневна обврска на институциите кон граѓаните, велат од МВР.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ДУИ по изборите во Брвеница: Гласот на секој граѓанин мора да биде слушнат

    19.10.2026 во 10:18

    СДСМ задоволни и покрај поразот во Брвеница – имаме 200 гласа повеќе

    19.10.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.