Демократската унија за интеграција (ДУИ) го поздрави резултатот на кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Аркин Јахији, кој обезбеди пласман во вториот круг од изборите за градоначалник на Општина Брвеница.
Од ДУИ оценуваат дека резултатот ја одразува поддршката од граѓаните и ја нагласуваат важноста од континуиран ангажман за локален развој, достоинствено претставување и институции што ќе им служат на сите граѓани, без разлика на нивната припадност.
Од партијата упатија благодарност до сите граѓани кои учествуваа во изборниот процес, особено до оние што ја поддржаа кандидатурата на Јахији.
Според ДУИ, на Брвеница ѝ е потребна општина во која гласот на секој граѓанин ќе се слуша, инвестициите и услугите ќе се распределуваат рамноправно, а соживотот ќе се гради врз почитување и еднаквост.
Од партијата додаваат дека остануваат посветени на соработката со граѓаните за унапредување на правичната застапеност и создавање подобра иднина за Брвеница.

