Мицкоски за Бектеши: Политичари кои ги злоупотребуваа институциите заминаа во историјата

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема коментар за изјавата на Крешник Бектеши од ДУИ, кој кажа дека „власта дала инструкции на безбедносните служби да ги следат активностите на опозицијата по најавите за дестабилизација“.

„Не е сериозно јас да коментирам изјави на поединци. Одамна помина безредието во Македонија со формирањето на новата влада, и политичарите кои ги злоупотребуваа институциите заминаа во историја, во темната страна на историјата. Оваа влада има задача реформи, немаме намера да се занимаваме со такви темни сценарија, тие им ги оставаме кои играа фудбал во канцеларии, купуваа трговски центри по евтина цена, ги ограбуваа граѓаните, издаваа пасоши на криминалци. Нас не интересира патишта, булевари, автопати, субвенции плати, повисоки пензии и се стремиме кон тоа. Така што изјави на вакви политички маргиналци не би коментирал“, рече Мицкоски.

21.08.2024 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега