Драма на автопатот Велес – Скопје: Автомобил удрил во полициско возило, а потоа во наплатна рампа


Вчера околу 20.35 часот на сервисна улица после исклучокот од автопатот А1 Велес – Скопје, кон с.Отовица, велешко, полициски службеници забележале дека во патничко возило „фолксваген туран“ се превезуваат мигранти.

Откако возачот ги забележал полициските службеници, со возилото удрил во возило „форд“, сопственост на МВР, по што продолжило со движење на автопатот А1 и на наплатната станица Отовица со возилото удрил во рампа на кабина.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

12.09.2024 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега