Стармер: Ова се три клучни услови за мир во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер во разговор за Би-Би-Си наведе три клучни услови кои, според неговото мислење, се нужни за постигнување траен мир во Украина:
– силна украина која ќе може да се бори ако е потребно, како и добра преговарачка позиција на Киев
-сигурносна гаранција од европските земји
– поддршка од Американските држави
„Мир може да се постигне само ако се исполнети сите три услови“, рече Стармер.
Тој додаде дека Зеленски со право стравува дека договорот би можел да пропадне ако не е доволно цврст. „Не можете да имате договор кој ќе се распадне, а токму тоа го загрижува Зеленски“, рече тој.
Прашан дали би требало да има граница меѓу Украина и Русија, Стармер не сакаше да одговори и кратко порача: „За тоа треба допрво да се разговара“.
02.03.2025 - 12:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа