„Тешка кражба“ на дрзок начин во Свети Николе: Младич пресретнал старец и му го украл телефонот и парите


Вчера во 18.30 часот во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин.

Тој се сомничи дека на 07.09.2024 во 19.40 часот во Свети Николе, на А.Ј.(72) му одзел паричник со лични документи, пари и мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

12.09.2024 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега