Пиштат сирени во Киев: Таму се Блинкен и британскиот шеф на дипломатијата

Денес попладне воздушна тревога се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници.

Украинските воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета.

Во пораката било наведувано дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили.

11.09.2024 - 21:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега